По одлуката на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на територијата на Русија и обновената руска нуклеарна доктрина, опасноста од ескалација е зголемена до максимум, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Спутник.

Во следните недели и месеци, Будимпешта ќе мора да вложи максимално дипломатско искуство и ресурси за да не биде вовлечена во конфликтот во Украина, рече тој и додаде:

„Со победата на претседателот Трамп на претседателските избори во САД, мирот или барем прекинот на огнот се чинеше опиплив, но провоената влада сè уште е на власт во Америка веќе два месеци. Практично, тоа значи дека Украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а Русите одговорија со усвојување на обновена нуклеарна доктрина. Го слушнав извештајот на Советот за одбрана. „Опасноста од ескалација и ширење на војната никогаш не била толку голема“, рече Орбан.

Текстот Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема е превземен од МАКФАКС.