Крег Хејслип, асистент професор на Институтот за морски цицачи на Државниот универзитет во Орегон, го снимил необичниот „зелен блесок“ кој понекогаш се појавува далеку од брегот на зајдисонце. Иако многу луѓе го виделе овој феномен, сѐ уште никој не успеал да го сними необичниот феномен, пишува Oregon Live.
Фотографијата е направена на 20 април 2024 година во 20:10 часот, на околу 25 километри западно од заливот Кус, Орегон.
Иако изгледа паранормално, мистериозниот блесок всушност е предизвикан од рефлексија на светлината за неколку секунди додека сонцето заоѓа зад морето.
Трепкањата на светлината може да варираат од неонско зелена до електрично сина. Според вработените во Институтот за морски цицачи, тие доста често го гледаат необичниот блесок кога се на море, но досега не успеале да го снимат.