Шпанскиот медиум „Марка“ кој важи близок до Реал Мадрид не чекаше многу па се обиде да го понижи новиот тренер на Барселона поради една од неговите последни изјави.
Имено, Чави Ернандез пред натпреварот со Вилјареал посочи дека на неговиот тим ќе му биде тешко против „жолтата подморница“ не само поради добрите играчи кои ги поседува клубот туку и поради димензиите на теренот на „Ла Керамика“.
Според Чави, стадионот на Вилјареал е со помали димензии и тоа може да биде проблем за фудбалерите на Барселона.
– Тоа ќе биде тежок натпревар, најмногу поради димензиите на теренот кој е помалку отколку нормалното. Го имаат и еден од најдобрите тренери во Шпанија, па ќе ни биде многу тешко“, -изјави меѓу другото Чави Ернандез.
По оваа изјава, „Марка“ веднаш објави статија на која ги објавија димензиите на „Ла Керамика“ кои според нив се нормални и се исти како и на „Камп Ноу“.
– Иако тренерот ја даде таа изјава, теренот на Вилјареал се совпаѓа со стандардните димензии на УЕФА, 105 метри долг и 68 метри широк, што е исто како и теренот на „Камп Ноу“, -стои во дел од текстот лиферуван на „Марка“.