Кошаркарот на Анадолу Ефес, Крис Синглтон, доживеал срцев удар. Тој е префрлен во болница каде ќе му бидат извршени детални медицински прегледи.
Синглтон почувствувал силна болка во градите и итно бил пренесен во болница каде било утврдено дека преживеал срцев удар.
„Коронарната ангиографија на Крис Синглтон, кој денес беше тестиран по силните болки во градите, е чиста. Ќе му бидат направени детални прегледи и некое време ќе биде задржан во болница за да се утврди состојбата“, соопштија од Анадолу Ефес.
Ова е втора голема несреќа во тимот на Анадолу Ефес, откако пред неколку дена Брајан Данстон доживеа тешка сообраќајка. /Makfax/