Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија успешно ги совладува предизвиците на Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC). Тој и неговиот Hyundai i30 TCR  и минатиот викенд доминираа во рамките на FIA European Hillclimb Championship во Португалија.

Иџе во својата категорија на патеката Rampa Da Falperra за време на Falperra International Hill Climb во Брага го освои првото место, поставувајќи време од 2:12.780, што е и нов рекорд во неговата класа. Ова е втора последователна победа на Иџе на овој шампионат.

„Горд сум што се движиме кон зацртаната цел, три победи од 4 трки. Благодарен сум на поддршката на Видеолотарија, која со години го препознава и поддржува мојот потенцијал. Заедно ќе атакуваме на победа и на следната трка, за две недели во Чешка“, изјави Стефановски.

Моментално бренд амбасадорот на Видеолотарија-Игор Стефановски Иџе, води во генералниот пласман на Европскиот шампионат на ридски патеки. До крај на  шампионатот остануваат уште 6 тркачки викенди.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  #ИграјСоНајдобрите

Прикажи повеќе