Поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, призна дека со задоволство би предводел тим од Премиер – лигата на Англија. Името на стратегот се поврзува со местото што го ослободи Антонио Конте во Тотенхем, но и за можен нов менаџер на Челси.

Advertisements

„Од завршувањето на Светското првенство, не го читав шпанскиот печат, не ги гледав социјалните мрежи. Ги читав само англиските медиуми“, коментира Луис Енрике.

„Не можете да се преправате дека ги сакате сите или да контролирате што велат за вас. Најважно е да бидете мирни и да уживате во работите што ги сакате. Би сакал да одам на работа во Англија. Но, да бидам искрен, не се гледам себеси во Премиер – лигата во јуни бидејќи сакам да одам во тим каде што можам да направам многу важни работи, а тоа е многу тешко“, призна Енрике.

„Не би отишол во секој клуб од Премиер – лигата. Имав понуди од репрезентации но не и од клубови. Мора да биде многу важен тим за да прифатам“, истакна поранешниот тренер на Барселона.

Прикажи повеќе