Словенија, вчера ја забележа првата победа во втората фаза на Светското првенство во ракомет. Словенците ја победија Аргентина со 34:23. Натпреварот мина во сенка на тешката поведа Нејц Цехте.
На теренот му беше укажана лекарска помош на ракометарот на Еурофарм Пелистер, потоа заврши во болница.
Ракометниот сојуз на Словенија соопшти дека Цехте има три скршени ребра. Мундијалот за него заврши, а селекторот Урош Зорман веќе повика замена.
На репрезентацијата и се приклучи поранешниот капитен Јуре Доленец, кој беше на поширокито список но не се најде на конечниот список.
Текстот Доленец ќе го замени повредениот Цехте е превземен од МАКФАКС.