Тежок инцидент се случи во натпреварот помеѓу Нотингем Форест и Лестер, кога еден навивач влезе на теренот и го удри фудбалерот на Нотингам Форест, Кеинан Дејвис, додека го прославуваше третиот гол.
Избраниците на Стив Купер дојдоа до шокантно водство од 3:0 против Лестер, благодарение на головите во првото полувреме на Филип Цинкернагел, Бренан Џонсон и Џо Ворал.
Келечи Ихеаначо постигна гол за тимот на Брендан Роџерс во вториот дел, по грешката на голманот на Форест, Брис Самба.
Сепак, натпреварот на крајот имаше негативна страна со несреќен инцидент, кога навивач влезе на теренот за да го удри Дејвис додека останатите играчи продолжија да слават.
Never change Leicester fans never change pic.twitter.com/BnUedtdFT3
— Ciaran Durham (@ciaran7durham) February 6, 2022