Нијагарините водопади, создадени пред повеќе од 125 века, се делумно замрзнати поради ниските температури кои го зафатија поголемиот дел од Соединетите Американски Држави.
Екстремниот студ и рекордно ниските температури продолжуваат да се забележуваат во делови од САД.
Niagara Falls frozen as coldest US winter in 13 years continueshttps://t.co/mNPx03oTCj
: Lokman Vural Elibol pic.twitter.com/T8gRw3qSdJ — Anadolu Images (@anadoluimages) January 29, 2025
Снимките од дрон покажуваат дебели слоеви мраз и снег околу Нијагарините водопади, кои денес се граница меѓу САД и Канада и една од петте најатрактивни туристички дестинации во светот.
Нијагарините водопади се серија од масивни водопади лоцирани на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка.
Тие се вбројуваат меѓу седумте светски чуда, а поларните минусни температури создадоа леден синџир околу водопадите и на тој начин формираа прекрасни сцени.
Текстот (Видео) Нијагарините водопади покриени со мраз поради екстремната зима е превземен од МАКФАКС.