Поранешниот играч на Реал Мадрид, Рафаел Ван дер Варт, работи како телевизиски коментатор, а неговите коментари често стануваат вирални. Еден од нив е оној за кој е најпосакуваниот клуб во светот.

„Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е така, но многу повеќе фудбалери сакаат да играат за Реал отколку за Барселона“, изјави Ван дер Варт, а потоа продолжи:

„Секој фудбалер во светот го сака тоа, дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид. Во тоа сум 100 отсто сигурен“, изјави Холанѓанецот што предизвика бура од реакции.

Ван дер Варт дојде во Реал од ХСВ во летото 2008 година. За две години одигра 73 натпревари, постигна 12 и забележа 13 асистенции. За две години не освои ниту еден значаен трофеј, бидејќи тогаш во Шпанија владееше Барселона на Гвардиола. По Реал, кариерата ја продолжи во Тотенхем.

Текстот Ван дер Варт: Фудбалерите на Барселона сонуваат да играат за Реал е превземен од МАКФАКС.