Борусија Дортмунд има потреба од засилување во офанзивната линија, а тоа ќе го направи со најдобриот стрелец во Бундеслигата од минатата сезона, Никлас Филкруг.
Шпицот на Вердер ќе потпише тригодишен договор со „милионерите“, известува германски Спорт1, како и реномираниот Фабрицио Романо.
Тој има 30 години и, можеби, веќе е во поодминати години, но неговата кариера дури сега почна да процветува, бидејќи минатата сезона со 16 гола и пет асистенции беше прво име меѓу стрелците во Бундеслигата, а беше дел и од германската репрезентација на СП во Катар.
Борусија, наводно ќе му платела 15 милиони евра на Вердер, иако клубот од северот на Германија има договор со Филкруг до 2025.