Барселона има активен преоден рок во кој меѓу другото си обезбеди засилување од типот на Феран Торес, а денеска официјално се раздели со еден фудбалер.
Се работи за талентираниот Јусуф Демир, кој настапуваше како позајмен играч од австриски Рапид и фудбалер кој сега ќе треба да се врати во матичниот клуб од Виена.
Иако Демир се наметна кај претходниот тренер Куман со неколку одлични настапи, подоцна ја загуби минутажата, а Чави и раководството решиле и целосно да се откажат од неговите услуги.
Откако стана јасно дека нема простор за Демир во првиот тим на Барса, фудбалерот не доби шанса за настап за да не стигне до 10 одиграни натпревари, со што би ја активирал клаузулата според која шпанскиот клуб мораше да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра.
Елиминацијата на Демир имаше значење и во успешниот обид за регистрација на Торес, повеќе од административни причини, отколку во однос на средствата кои ќе бидат заштедени со овој потег.
FC Barcelona and @skrapid have reached an agreement to end the loan of Yusuf Demir, who will be returning to the Austrian club. pic.twitter.com/je9eJBAPS9
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 13, 2022