Еден од најпрестижните турнири во светот на тенисот кога не станува збор за Грен слем, Индијан Велс, продолжува во полна пареа.Фаворитите изминатата вечер одиграа според планот и не дозволија некои големи изненадувања.

Така, носителите си ја завршија работата и се пласираа во осминафиналето. Исклучително привлечен е делот од ждрепката каде што веќе во фазата на 16 најдобри ќе се судрат Данил Медведев и Александар Зверев. Двајцата тенисери ноќва забележаа победи со по еден загубен сет.

Медведев се судри со Илија Ивашка и го доби со 2-1 (6-2, 3-6, 6-1). Во меч кој траеше час и 46 минути, рускиот ас поведе со одличен сет и два брејка со 6-2. Ивашка врати во иста мера, па со 6-3 успеа да израмни, за потоа Медведев да го крене нивото на игра и со 6-1 да го затвори дуелот.

Нешто повеќе се измачи Зверев кој со 2-1 (7-5, 1-6, 7-5) го совлада Емил Русувуори. Финецот пружи силен отпор, во двата сета кои ги загуби беше во игра до самиот крај, а во сетот кој го доби одигра доминантно.

Посигурен од останатите беше Андреј Рубљев, откако со 2-0 го совлада Уго Хумберт. Францускиот ас парираше во првиот сет и успеа да освои пет гема (7-5), но потоа рускиот тенисер отвори и затвори со по брејк, за 6-3 и пласман понатаму. Во осминафиналето Рубљев ќе се судри со Камерон Нори./Gol.mk/