Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио.

Зверев го совлада Новак Ѓоковиќ 1:6, 6:3, 6:1 и ќе се бори за златниот медал против Карен Кацанов, додека Ноле ја пропушти шансата да стане првиот тенисер што го освои Златниот грен слем (сите четири титули плус злато во Олимпијада истата година).

Германецот плачеше од среќа по големата победа, но му се извини на Новак.

“Ти си еден од најголемите на сите времиња. Жал ми е за ова”.

Зверев има шанса да и донесе злато на Германија, додека Новак ќе игра за Пабло Карено-Бусте за бронзениот медал.