Реал Мадрид во саботата ја победи Барселона со 2:1 во големото дерби на домашен терен.

Кралскиот клуб стигна до важни три бода во борбата за титулата и успеа да го совлада најголемиот ривал со 2:1.

Во Барселона имаа многу критики кон судиите за време на натпреварот и по натпреварот. Камерите снимија и интересен разговор за време на натпреварот помеѓу Лука Модриќ и Жорди Алба.

Алба го покажа грбот на Реал Мадрид на дресот на Модриќ, а потоа му објасни зошто го прави тоа.

“Дали го гледате тој грб на вашиот дрес? Поради него, судиите се на ваша страна”, му рече Алба на хрватскиот играч за врска.