Мирисот на тазе печено лебче е неодолив. Асоцира на дом, топлина, вкусна гозба и пријатни моменти покрај семејната трпеза.

Тазе испечениот леб ве мами веднаш да го земете и јадете со сиренце, кајмак, путер или други додатоци. А колку повеќе го јадете, толку поголем апетит имате за уште. И секој пат кога ќе земете леб, изборот е на што помек и потазе испечен леб. Но, ова не е препорачливо, без разлика колку е вкусна неговата крцкава коричка. Особено важи за луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот тракт.

Причина за тоа е што тазе печениот леб има поголема киселост, па ако имате проблеми со дигестивниот систем, ќе ви предизвика колики, грчеви, гастритис и сл.

Како што се лади лебот, така се намалува неговата киселост и затоа најдобро е да отстои едно деноноќие, за да бидете сигурни дека нема да имате проблеми со стомачно-цревниот тракт.

Доколку немате можност да чекате толку време, откако ќе се испече лебот можете кришките кратко да ги препечете на тостер или во рерна, тоа ќе ја неутрализира киселоста.