Забраните поврзани со пандемијата сѐ уште се актуелни, а за тоа има цврста научна основа. Доктор Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести во САД, во интервјуто за „Си-ен-ен“ одговара на најголемите дилеми што и зошто по вакцината.

Да, можно е да се заразите со ковид-19 откако сте примиле вакцина, иакотоа е многу ретко. За САД, тоа изгледа вака: околу 5.800 случаи на 77 милиони вакцинирани. Иако невообичаено, гледаме дека и тоа се случува – појаснил д-р Фаучи.

За да дојде до ова, може да се работи примарно за неуспех на вакцината, кога телото не дава адекватен имунолошки одговор на вакцината поради бројни причини. Може да станува збор за имунолошкиот статус, здравствениот статус, користењето на лекови или за некој пропуст во складирањето, чувањето на лекот.

Тоа е дополнителна причина зошто треба да носите маска и да се дистанцирате откако ќе ја примите вакцината.

Прва работа која мора да ја запомните е дека еднаш кога ќе се вакцинирате, ризикот од заразата драстично се намалува. Логично е да го поставите прашањето зошто мора и понатаму да се придржувате до мерките.

Во одредени ситуации, лицето може да се вакцинира, да нема никакви клинички знаци, а да ја шири инфекцијата, без воопшто тоа да го знае. Вирусот може да се наоѓа во носот и да се пренесе на некој кој не е вакциниран и таа личност може да се разболи. Од таа причина потребно е да се носат маски.

Уште една добра причина зошто е потребно да носите маска,се новите варијанти на вирусот, а стручњаците сметаат дека се навистина загрижувачки. За среќа, на некои варијанти, како вирусот кој се појави во Велика Британија, вакцината делува, но тука се и новите варијанти поради кои треба да се биде внимателен.

Доктор Фаучи појаснува дека станува збор за она што се смета за безбедно. Многумина ќе кажат дека сакаат да патуваат. Можете да патувате бидејќи шансите да се заразите се мошне мали. Кога бил прашан зошто тогаш стручњаците советуваат да не патуваме, д-р Фаучи одговорил дека тука е во прашање нивото на ризик кој вам ви е прифатлив.

Она на што треба да внимавате е да не заразите случајно некого, а со оглед на тоа што бројот на заразени постојано се зголемува, тоа е особено чувствително прашање.

Фаучи нагласува дека не сака луѓето да мислат дека ризикот не е драстично намален по вакцината, бидејќи сигурно е. Ризикот е мал и луѓето ќе донесат одлука што сакаат да прават, но притоа мора да се запрашаат колкав ризик се подготвени да преземат, заклучил Фаучи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.