Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се соочува со кадровски проблеми пред дуелот со Алавес во Примера.

Серхио Рамос, Карим Бензема, Карвахал, Валверде и Одриазола сигурно ќе го пропуштат утрешниот меч.

„Сакаме да покажеме дека сме силен колектив и да одиграме како во Милано. Вистина е дека понекогаш ни недостасува континуитет, но тоа не е поради несериозност. Најтешкото нешто во фудбалот е континуитетот, а ние работиме на тоа“, изјави Зидан.

Запрашан дали ќе има нови засилувања во јануари, Зидан одговори:

„Нема да зборувам за тоа, уште сме на почетокот на сезоната. За мене е важно да ги чувам играчите кои ги имам и навистина сметам на сите кои се во тимот“.