Екипата на Милан синоќа дојде до ептен тешка победа во пресметката на домашен терен против Специја (2-1), за која најзаслужен е ветеранот Оливие Жиру со погодок.  Французинот заборави дека неколку минути претходно доби жолт картон, па вредниот погодок го прослави со соблекување на дресот, што автоматски значи опомена, а за него во овој случај донесе и црвен картон.

„Тешко е да се најде правилен одговор за ова, бидејќи навистина сум бесен на себе. Ќе се чувствувам подобро за неколку часа, во моментов сум навистина лут. Бев бесен на себе уште веднаш, но се обидов да замолчам пред судијата. Пред да го направам тоа, си ја завршив работата, ја сместив топката во голот. Едноставно ова е фудбал, во натпревар со многу адреналин и кој беше многу тежок, во главата се уште сум мало дете. Морав да прославам, – изјави Жиру.

Милан со овие три бода, а по поразот на Аталанта дома од Наполи, се искачи на второто место во Серија А со 29 бодови, шест помалку од лидерот од Неапол.

Прикажи повеќе