Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи онлајн на фејсбук страницата на ПичПрич овој четврток – 29 април од 19:00 часот, и во фокус ја става перспективата на жените што пишуваат (писателките), како и начинот за кој се пишува за жените (женските ликови).

Раскажувачките се еминентни писателки од повеќе земји кои ќе зборуваат за тоа на каков начин се раслојуваат и вкрстуваат нивните идентитети како писателки и жени (како и други идентитети) или на кој начин пристапуваат кон постапката на пишување, како и читање на текстот и ликовите. Дали постои можност за субверзија литературна традиција во која се канонизирааат мажи, додека на жените им се дава улогата на музи, и кои се начините на (формално или содржинско спротивставување) на патријархатот во книжевноста?

Гостинки на овој ПичПрич се: Раша Кајат – германска романсиерка, есеистка и преведувачка. Студирала компаративна книжевност, германистика и филозофија на Универзитетот во Бон. По студиите, работи како уредничка за издавачката куќа RowohltVerlag пред да почне фриленс да преведува белетристика и научно-документарна книжевност;

Раша Кајат

потоа Алиса Ганиева која пишува прозна фикција и есеи. Добитничка е на престижната дебитантската награда на фондот ,,Поколение’’, која се доделува на млади писатели;

Алиса Ганиева

Техила Хакими – писателка и поетеса од Израел. Добитничка е на многунагради меѓу кои наградата за најдобар дебитантски ракопис од новата генерација на поети, која ја доделува Министерството за култура во Израел, за нејзината прва поетска збирка We’ll Work Tomorrow во 2014, а во 2015 ја добива и ,,Бернстајн’’ наградата за литература (Bernstein Prize for Literature),

Техила Хакими, фото – Avshalom Levi

и Фиона Сампсон – позната британска поетеса и писателка, чии дела се преведени на триесет и осум јазици. Авторка е на триесет и седум дела, како и добитничка на голем број награди во САД, Индија и Европа, меѓу кои наградата ,,Њудигејт’’ (Newdigate Prize) и ,,Чолмондели’’ наградата (Cholmondeley Award).

Фиона Сампсон, foto – Екатерина Воскресенскаја

ПичПрич е поддржан од страна на шведската Фондација Квина тил Квина и во соработка со Тиииит! Инк. Дизајнот на визуелното решение и на Дизајн Студио КОМА.