Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на спротивната страна од ждребот во однос на неговиот најголем ривал и прв носител Рафаел Надал на годинашниот Австралија опен, кој е закажан од 16 до 29 јануари. Двајцата можат да се сретнат дури во финалето.

Откако прескокна една година на австралискиот гренслем, Новак Ѓоковиќ, кој е четврти носител, ќе го отвори турнирот против Шпанецот Роберто Карбаљес Баена. Проектиран противник на Новак во полуфиналето е Каспер Руд, а во четврт-финалето Фриц би требало да го предизвика Норвежанецот.

Бранителот на титулата Рафаел Надал ќе има потешка задача во првото коло, бидејќи ќе игра против Британецот Џек Дрејпер. Проектиран ривал на Надал во полуфиналето е Стефанос Циципас, кој стартува против Квентин Алис.

Турнирот започнува в понеделник, а титулата ја брани Рафаел Надал, кој лани во финалето го победи Данил Медведев со 3:2 во сетови./Makfax/

Прикажи повеќе