Групата земји Г7 и Австралија се согласија да одредат фиксна цена за руската нафта подоцна овој месец наместо да усвојат променлива стапка, изјавија извори за „Ројтерс“ доцна синоќа.

Претставници на САД и Г7 водеа интензивни разговори во последните недели за невиден план за ограничување на цената на нафтата што се испорачува по море. Планот треба да стапи во сила на 5 декември за да се осигури дека санкциите на ЕУ и САД, кои имаат цел да ја ограничат способноста на Русија да ја финансира својата инвазија на Украина, нема да го задушат глобалниот пазар на нафта.

„Коалицијата на земји се согласи дека горната цена ќе биде фиксна цена, која редовно ќе се разгледува“, изјави извор од Г7. „Тоа ќе ја зголеми стабилноста на пазарот“, додаде тој.

Точната цена сè уште не е одредена, но треба да биде одредена во наредните недели, велат повеќе извори.

Прикажи повеќе