Украинскиот претседател Володимир Зеленски во нова видео снимка изјави дека „блокадата на Мариупол ќе влезе во историјата како воено злосторство“.

– Она што окупаторите му го направија на мирниот град е терор што ќе се памети со векови, истакна Зеленски.

– Како што повеќе Украинци ќе зборуваат за тоа пред светот, така ќе добиваме посилна поддршка, додаде украинскиот претседател, заклучувајќи дека „последиците ќе бидат многу потешки ако Русија продолжи да ја тероризира Украина“.

Според голем број експерти, Мариупол е стратешки многу важен град за Русија, бидејќи со неговото освојување би ја поврзала претходно освоената територија.