Сојузот на дијабетичари, денеска упати 5 барања до Министерството за здравство. Според нив, инсулинот и терапиите за третман на дијабетес продолжуваат да доцнат, и не разбираат зошто кога според нивни инфоРмации тие се пристигнати во земјата. Нивното главно барање е во аптеките да има ленти за мерење на гликозата во крвта, и да има повеќе видови од нив, бидејќи некои не се квалитативни, додека кај нас има само 8 до 10 видови. Тие бараат од Министерството за здравство да имаат фиксна цена – велат дека барањата за кои станува збор мора да бидат исполнети во текот на оваа година, потенцирајќи дека не ги интересираат процедурите, туку решавање на проблемите. Овој пат, ги предупредуваат властите дека нема да има повеќе толеранција.
Друго барање е 5.000 лица со дијабетес тип 1, да бидат опремени со сензори за мерење на нивниот дијабетес, а на децата да им се даде приоритет.
Од Сојузот на дијабетичари велат дека има и пациенти кои неколкупати во денот треба да го мерат нивото на шеќер, и трошат дополнително по околу 2 – 3000 денари за ленти за мерење.