Пејачот Здравко Чолиќ денес го слави 70-от роденден, иако многумина мислеа дека е помлад.

Здравко Чолиќ е роден на 30 мај 1951 година во Сараево. Неговиот татко Владимир бил офицер во полиција, а мајка му Стана – домаќинка. Чола има една од најдолгите кариери на Балканот, која ја красат големи тиражи, полни сали, пофални зборови од колегите и непосреден однос со публиката, пишува „Курир.рс“.

Сепак, тој е многу скромен, а својата приватност ја чува подалеку од очите на јавноста. Имено, пејачот живее со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара во елитниот, но и мирен дел на Белград.

          Фото: Принтскрин

Соседите не го кријат задоволството што честопати го среќаваат легендарниот пејач на улица или во блиските паркови.

– Здравко некако секогаш остана скромен и приземен, тој никогаш не се однесувал како ѕвезда, туку како обичен човек, господин. Ние сме од истиот крај, имам три деца и често ги носам во Кошутњак, во парковите и на игралиштето, и таму повеќепати сум го сретнала со ќерката Лара. Девојчето е воспитано, се гледа дека е добро воспитано и дека нејзините родители се грижеле за нејзиното воспитување, а Здравко ѝ е многу посветен. Се чини дека ужива да ја гледа како трча, игра и се дружи со децата, ниту девојчето не е арогантно и не се однесува така како што умеат децата на богатите луѓе – вели една соседка и открива дека пејачот не сака да се истакнува:

„Навистина, да ви кажам, малкумина во паркот би го препознале Здравко. Тој е повлечен, става капа на главата ако е поладно, и воопшто не е наметлив. Секогаш ми е мило кога ќе го видам. Ме потсетува на детството, пораснав на неговата музика. Тој секогаш ја чуваше својата приватност, неговото семејство никогаш не се провлекуваше по медиумите, претпоставувам дека не сакал на децата да им го наметне тој некој товар што го носи неговата слава. Гледам дека луѓето го почитуваат, секогаш се среќни кога ќе го препознаат, а тој има љубезен збор за секого. Не е ни чудо што остана толку голем човек сите овие години. Живееме во соседството и тука никогаш не сум слушналаа некој да рече нешто грдо за него, или дека некоја постапка на Чола му пречи.“

    Семејниот дом на Чолиќ/Фото: Принсткрин

Се чини дека сите го сакаат Здравко во населбата каде што живее, а еден од соседите открива дека им е чест кога оваа балканска sвезда ќе ги покани во својот дом.

– Неговата вила е добро обезбедена, има две порти, простран двор, вистинско уживање. Тој се дружи со неколку соседи, велат дека уживаат со него со добро вино во дворот кој е секогаш среден, има градинари кои се грижат за тоа. Понекогаш сака и тој да ги засука ракавите, дури и да чисти. Честопати и со носталгија зборува за спомените и растењето – раскажува еден сосед, додека неговата партнерка открива дека во повеќе наврати ѝ била гостинка на сопругата на Здравко:

„Неговата сопруга Александраа ја познавам подобро од Здравко, таа е пријатна и нежна жена, прекрасна сосетка! Тие се хармоничен и убав пар.“

Извор: Курир.рс/Блиц.рс