Серхио Бускетс е решен да си замине од Барселона на крајот од сезонава, откако искусниот играч за врска остана разочаран од односот на управата и на тренерот Чави.

Иако тој е единствениот од тројцата ветерани (заедно со Алба и со Пике) кој има позначителна минутажа, Бускетс е незадоволен што Чави ги тргна тројцата од листата на капитени на тимот. Овие играчи во неколку наврати се согласија на намалување на платите за да му помогнат на клубот и тврдат дека не заслужиле ваков однос, додека раководството на Барселона упорно се обидува да најде начин да ги понижи за што поскоро да си заминат од „Камп Ноу“.

Прикажи повеќе