Судот во Лос Анџелес ја одби последната жалба од Ник Лоеб, во парницата против неговата поранешна свршеница Софија Вергара, а со која бараше дозвола да ги искористи замрзнатите ембриони, кои тие двајца ги „создале“ додека биле заедно.

Четириест и осумгодишната актерка и три години помладиот Ник Лоеб ја раскинаа свршувачката во мај 2014 година, откако една година претходно решија да одат на инвитро оплодување, но истото било безуспешно.

Во ноември 2015 година Колумбијката се омажи за актерот Џо Манганиело, а поранешниот свршеник очигледно љубоморен и повреден поради сè, реши во 2017 година, да покрене необична тужба.

Фото: Инстаграм

Вергара ги предаде правните документи во Калифорнија, надевајќи се дека така ќе може да го спречи Лоеб, без нејзина дозвола да може да ги користи замрзнатите ембриони. Имено тој имал намера со сурогат мајка да добие дете, што актерката го сметала за лудост.

Претходно веќе еднаш судијата пресуди во нејзина корист, потсетувајќи дека при оставањето на ембрионите потпишале заедничка изјава дека двајцата мораат да се сложат за било какво користење на замрзнатите ембриони, за што Лоеб најави жалба. Сега со последната пресуда сите се надеваат дека е конечно завршена оваа сага.