„Падна“ и запросување пред новогодишната елка во Скопје. Елката која е поставена, а за која имаше голем број критики, но и шеги во регионот, послужи на младо момче да ја побара својата девојка за жена. Сето тоа беше разубавено со песната „All of me“ која ја свиреше саксофонистот Стефан Неделковски, кој впрочем го објави и видеото на социјалните мрежи.