Традиционално, 15та година по ред Клиника Жан Митрев во соработка со Црвен крст на Град Скопје го реализира летниот камп за деца со вродени срцеви маани и нивните семејства во Струга. Преку овој камп наречен „Моето срце во сите бои“, целта на Клиниката Жан Митрев е да ја продолжи грижата и терапевтскиот процес надвор од болничкото окружување, во природна атмосфера и соодветен амбиент. На кампот кој трае една седмица, учествуваат над 20 деца со нивните семејства како дел од рехабилитациониот процес после медицинскиот третман.
Сите активности, играта, забавата и дружбата се искомбинирани со психолошки, интерактивни и физиотерапевтски вежби со кои се поттикнува физичкиот, емотивен и социјален развој и по напуштањето на болницата. Рехабилитационите активности се одвиваат под раководство и надзор на тимот доктори и терапевти од Клиника Жан Митрев, кој е составен од психотерапевт, лиценциран психолог и семеен и системски советник.
Кампот „Моето срце во сите бои“, под целосно покровителство и голема поддршка на д-р Митрев, се одржува 15 години со ред и дава големи резултати во рехабилитацијата на децата со вродени срцеви маани.