Царинската управа заплени увезен необработен тутун со вкупна количина од 146 илјади килограми кој бил пуштен во промет. За тутунот не е платена акциза, која требала да чини речиси 300 милиони денари или околу 4,7 милиони евра. Кривични пријави заработија две правни лица до Тетово и Гевгелија поради основано сомневање дека сториле кривично дело недозволена трговија според Законот за акцизи. Се работи за тутун од типот Вирџинија кој десет пат бил увезен од страна на фирма од Гевгелија во периодот од декември 2017 година и во текот на цела 2018 година.  Па наместо тутунот да се доработи, бил пуштен во промет на незаконски начин.

„Царинската управа во координација со пазарниот инспекторат и Националниот координативен центар за сузбивање на сериозен криминал, биро за јавна безбедност, спроведува акции за сузбивање на нелегалната продажба на тутун и тутунски производи“, рече Горан Сугарески, директор на Царинската Управа.

– Advertisement –

Прикажи повеќе