Русија ја прошири црната листа на британски државјани за уште 36 имиња поради антируската политика на британската влада, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

На списокот има членови на британската влада, претставници на безбедносни агенции и новинари, пренесува ТАСС.

На листата се и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, министерот за регионален социо-економски развој, домување, заедници и локална самоуправа Мајкл Гов, канцеларот на Војводството Ланкастер Оливер Дауден, министерот без ресор Надим Захави.

Прикажи повеќе