ГЕРБ-СДС победи на изборите во Бугарија и тие ќе ја формираат новата Влада. По повод изборите, поранешниот премиер Зоран Заев упати честитка до Бојко Борисов.

-Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори.
Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Боико Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан, порача Заев.