Мицкоски е политичар без компас. Класична закана и опасност за иднината на државата, манипулант во обид на кој не му оди добро и со кој очигледно садењето тикви никако не може да излезе на арно. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец.

„Наутро тврди дека ДПМНЕ отсекогаш било на европскиот воз/брод/тротинет, а попладне се заканува дека ќе терал антиевропска агенда.
Внимавајте, Мицкоски и Апасиев со вкупен личен рејтинг од едвај 7% се обидуваат нивната антиевропска агенда да ја поистоветат со македонската агенда.
Ама како да заборавиле дека македонската агенда вели дека 80% од граѓаните ја поддржуваат европската интеграција на земјава“, пишува Забрчанец.