Кристијано Роналдо за прв пат се огласи по елиминацијата во Лигата на шампионите со Јувентус од Порто. Како што вели тој, вистинските шампиони никогаш не пукаат.

-Многу поважна работа од тоа колку пати паднуваш, е колку брзо се подигнуваш и застануваш на нозе. Вистинските шампиони никогаш не пукаат. Вистина е дека историјата припаѓа во музеите, но добро е тоа што фудбалот памети сè, паметам и јас. Историјата не може да се избрише, запишана е и се пишува секојдневно со упорност, тимски дух, сила на умот и многу работа. Сите кои не го разбираат ова никогаш нема да успеат и да ги достигнат ѕвездените висини, порача Роналдо.