Jас би им кажал на луѓето со помалку емоции да пристапуваат, да знаат дека никој не ги манипулира и дека со отворени преговори ќе биде економски полесно, рече во денешното гостување на Сител телевизија претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Јас не можам да го советувам Ковачевски, јас можам да кажам само на обичниот народ, затоа што кога давате совети тоа може да биде пријателски но јас само би им кажал на луѓето да со помалку емоции пристапуваат. Не е крај на светот и вака и така. Но, добро е да се искалкулира што е подобро. Јас мислам дека може да заклучите што јас мислам а не сакам до крај да ви го кажам. Што мислам дека е подобро, но тоа е тактички потег, немојте да мислите дека со тоа нешто многу сте добиле или пак бог знае што сте изгубиле. “ вели Вучиќ.

Пораките на Вучиќ доаѓаат во однос на францускиот предлог за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

Во интервјуто за Сител телевизија претседателот на Србија вели дека луѓето треба на мерат реално и на економска основа, за која, како што вели, веројатно ќе биде економски полесно доколку имаме започнато преговори за членство.

„Мислам дека е најважно луѓето да ја знаат вистината, дека никој не ги манипулира со големи слики дека ќе тече мед и млеко затоа што нема ни вака ни така. Но, дали е полесно доколку имате отворени преговори, веројатно ќе биде економски полесно.
На основа на тоа луѓето може да мерат.“ вели Вучиќ.