Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача со почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 година, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, сooпшти Министерството за здравство.

Поради зголемениот број на новозаразени од коронавирусот, почетокот на второто полугодие беше поместен за 1 февруари.

На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД–19 во земјава, присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали.

Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, како што се посочува, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.