Изгледа дека ДУИ не избира средства за да оствари политички поени, туку ги злоупотребува и најболните случаи само за да си го залечи егото со цел враќање на власт, реагираат од коалицијата „Вреди“.

Според нив, последен пример е злоупотребата на трагичните случаи на смрт на децата, која иако е во опаѓање, за ДУИ служи како алатка за валкана пропаганда.

Ова како што оценуваат во „Вреди“ е огледало каде што може да се види колективниот портрет на ДУИ како партија која 20 години уништуваше сѐ, вклучително и здравството.

„ДУИ обидувајќи се да покажат добар лик пред граѓаните, тие всушност се демаскираат, затоа што можат да ги злоупотребат и болните случаи на граѓаните, за ниски политички поени. Решавањето на проблемите во здравствениот систем во Северна Македонија, која со години назадува, нема да биде лесно, ниту евтино, да се санира.
Здравството кај нас откако „Вреди“ е дел од владата и го води секторот за здравство се разбуди од „клиничка смрт“. Но, сепак мора да помине тежок третман за целосно да се регулира овој систем. Не е лесна задача, но со полна надеж дека ќе се подобри благодарение на упорноста на министерот за здравство Арбен Таравари.
Почетокот на спроведувањето на долгоочекуваните реформи донесе надеж. Напорите за подобрување ги осетуваат пациентите, лекарите и целиот медицински персонал, како и администраторите“, додаваат од оваа партија.

Како што наведуваат, здравството во изминатите години го загуби не само угледот и довербата, туку и квалитетот на најчувствителните услуги на пациентите.

Во меѓувреме, нагласуваат од коалицијата, посетата на министерот Таравари на Обединетите Арапски Емирати беше во пресрет на напорите за пренесување на најсовремената работа и практики на медицинска интервенција во Северна Македонија, која и служи на иднината на здравството во нашата земја.
Но, тоа, како што додаваат не е се. Потсетуваат дека по долги години позитивната листа на лекови е проширена со 9 нови лекови. „И за првпат во историјата на Северна Македонија ќе бидат вработени 600 нови специјалисти со решенија кои ќе го надополнат медицинскиот персонал за граѓаните да добијат најквалитетни здравствени услуги“.