Скандалозен инцидент беше виден во втората ганска лига.

Натпреварот помеѓу Ваманафо Ројалс и Бофоаква Тано ФК донесе ужасни сцени.

На крајот од играта, навивачите на домашниот тим ја пробија оградата, упаднаа на теренот и потоа почнаа да ги тепаат судиите.

Незадоволни од судењето, тие ја зедоа правдата во свои раце и на крајот ги тепаа судиите до крв. Од редовите на домашниот тим подоцна се извинија велејќи дека им е жал што се случи сето ова, а на фотографиите објавени на Твитер јасно може да се види како поминале судиите на овој дуел.