Вечерва немаше дерби. Дуелот Манчестер Јунајтед-Ливерпул е одложен на неодредено, откако попладнево навивачите на Манчестер Јунајтед упаднаа на „Олд Трафорд“. Беше вистински хаос. Според информациите двајца полицајци се повредени, од кои едниот бил погоден со шише, а малку фалело да остане без окото. Иако повредата е страшна, сепак според првичните информации се е во ред со окото на полицаецот.

Поради безбедносни причини мечот не е одигран, а дополнително ќе биде определен термин.

Навивачите упаднаа на „Олд Трафорд“, бараа оставка од семејството Глејзер бидејќи се незадоволни како го водат клубот во поледните деценија ипол. Чашата ја прели одлуката да бидат дел од новата Суперлига, а по бурните реакции Јунајтед, како и останатите англиски тимови се повлекоа од овој проект.