Портланд ја совлада Јута со 116-111, благодерение на Анферни Симонс кој уфрли 45 поени и имаше меч на кариерата. Блејзерс на гостувањето во „Солт Лејк Сити“ играа без првата ѕвезда Демијан Лилард, но Симонс и Грент беа на висината на задачата. Портланд славеше дури во завршницата кога беше поуспешен од слободни фрлања од противникот. Симонс уфрли рекордни 45 поени, додека Грент уфрли 33 поени.

Advertisements

Во мечот меѓу Минесота и Оклахома, дојде до дуел помеѓу Руди Гобер и Кенрик Вилијамс, после кој францускиот кошаркар е испратен во соблекувалната. Играчот на Оклахома Вилијамс во тек на еден продор кон кошот изгубил баланс и несакајќи го сруши Гобер, кој реагираше импулсивно по што беше исклучен. Оклахома го искористи тоа на крајот да запише победа од 135-128./Ekipa.mk/

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот- Милвоки 95:105

Минесота – Оклахома 128:135

Торонто – Орландо121:108

Голден Стејт – Хјустон 120:101

Јута – Портланд 111:116

Прикажи повеќе