Вооружен маж уби шест, а повреди дваесет лица во училиште во централна Русија.

Меѓу жртвите има ученици,а убиен е и чуварот во училиштето во градот Ижевск, јавуваат руските медиуми.

Инцидентот се случил во училиштето број 88, во кое има речиси 1.000 ученици и околу 80 наставници.

Вооружениот напаѓач наводно се самоубил, а мотивот за убиствата е нејасен. Училиштето е во центарот на Ижевск, град со околу 650.000 жители.

Според државниот пратеник цитиран од новинската агенција Тасс,напаѓачот, наводно, бил вооружен со два пиштола,

Полицијата ги истражува прочините за нападот.