Албанија на 28-ни ноември слави 110-годишнина од независноста, датум кога се слави и Денот на албанското знаме. Прославата на независноста се совпаѓа и со 110-годишнината од создавањето на албанската армија.

По тој повод, Министерството за одбрана и вооружените сили на Албанија организираат на 3 декември 2022 година, во 19:00 часот во Палатата на конгресот, големиот концерт „110 години вооружени сили – Заедно за мир“.

На овој концерт ќе настапат армиските оркестри на Албанија, Косово, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Грција, Македонија, Хрватска и Словенија, објави албанската телевизија Визион плус.

Приходите од билетите ќе бидат наменети за поддршка на семејствата со деца повредени од војната во Украина.