Компанијата што управува со украинската нуклеарна централа Запорожје соопшти дека работи само еден од шесте реактори на централата, додека двајца инспектори на Обединетите нации се во централата. Борбите околу централата, која е најголема во Европа, ги зголемија стравувањата од нуклеарна катастрофа.

Украина и Западот ја обвинуваат Русија за распоредување на тешко вооружување во централата, знаејќи дека Украина нема да изврши напади. Москва ги негира обвинувањата, но се спротивстави на напорите за демилитаризација на областа со цел да се избегне ризикот од еколошка катастрофа. Борбите околу централата ја поттикнаа Меѓународната агенција за атомска енергија да испрати мисија во централата минатата недела.

Прикажи повеќе