Во Сараево изминативе денови е откриен британскиот вид коронавирус, пренесуваат локалните медиуми.

Како што наведуваат, странски државјанин кој престојувал во Сараево како турист бил заразен со британскиот вид на коронавирусот.

Тој е третиран како асимптоматски случај, но ПЦР тестот го потврди присуството на вирусот.

По позитивниот наод, направено е секвенционирање на вирусот на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево, каде што е утврден нов вид кој досега не бил регистриран во БиХ.