Неразумен е потегот опозицијата да го блокира Собранието, а со тоа да не може да се донесат предлог-законите за помош на компаниите и работниците од пандемијата, вели премиерот Зоран Заев. Заклучно со вчера 23 март, плата за февруари не исплатиле близу 12 илјади компании зашто сè уште ја чекаат државната финансиска помош за тоа.

„Горчината која ја носиме сите ја носам и јас. Да се блокираат закони коишто живот значат, за помош од последиците од пандемијата е навистина неразумно и верувам дека ќе има разумност“, рече Заев.

– Advertisement –

На сите работодавачи кои го пробија рокот за исплата на месечната плата за февруари, а тоа е 15-ти март, од УЈП им испратиле опомена. Доколку за брзо време не ги исплатат вработените ќе им ја блокираат сметката. Инаку, Предлог-законот за финансиска поддршка на плати за вработените во приватниот сектор беше закажана за вчера, но седницата не се одржа. Освен тоа што коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат поднесено илјадници амандмани на законите, немаше ниту кворум за работа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе