Пред зградата на бугарската Амбасада во Скопje денеска беше одбележана 175-та годишнина од раѓањето на големиот бугарски поет и револуционер Христо Ботев, јавува Трибуна.

Претставниците на бугарското дипломатско претставништво, Бугарскиот културно-информативен центар, неделното училиште „Здравеј“ и на бугарската заедница во Скопје, положија свежо цвеќе на барељефот на херојот, што се наоѓа на самата зграда на амбасадата.

„Го славиме раѓањето на една голема личност – поет и револуционер. Она што го напиша Ботев останува во европската литература, а неговото дело – во бугарската историја“, рече амбасадорот на Бугарија во РС Македонија, Ангел Агелов.

Амбасадор Ангелов ја прочита песната „Ботев“ на бугарскиот поет Никола Вапцаров, а ученичка од неделното училиште „Здравеj“ ja рецитираше песната „За херојот“, исто така посветена на Христо Ботев.