Дарежливите луѓе сакаат да им помагаат на другите и се среќни кога можат некого да усреќат. Таквите луѓе имаат големо срце и никогаш никому нема да ја одбијат помошта, а спремни се да се откажат од нешто за што се грижат за да му дадат на некој на кој му е повеќе потребно. Во астрологијата, овие четири знаци се сметаат за најдарежливи.

Лав

Иако се познати по тоа што се во центарот на вниманието и знаат да бидат себични, Лавовите имаат големо срце и сакаат да ги израдуваат блиските пријатели и семејството. Овие луѓе сакаат нивните сакани секогаш да се чувствуваат посебно, па затоа ги опсипуваат со подароци и први помагаат или прават услуга.

Вага

Вагите мразат неправда и имаат силни морални вредности, што значи дека секогаш се подготвени да им помогнат на луѓето. Кога гледаат неправда, не можат да ја свртат главата и да се преправаат дека тоа не е нивен проблем. Тие искрено сакаат да помогнат и затоа се исклучително љубезни и дарежливи кон луѓето.

Стрелец

Стрелците се природно среќни, оптимисти и дарежливи луѓе. Тие се толерантни, искрени и секогаш ќе му помогнат на секого. Тие се исклучително љубезни и веруваат дека среќата треба да се дели, па затоа се дарежливи кон другите и никогаш никому нема да одбијат помош.

Риба

Рибите се сочувствителни и топли души кои обично се исклучително дарежливи кон другите. Тие се исклучително емотивни и не можат да го игнорираат човечкото страдање. Нивните срца се преголеми за да метат такви работи под тепих, па ќе се откажат од се што имаат за да помогнат некому или да му ја олеснат болката.