Комитетот за мир, специјално избран од норвешкиот парламент, денеска во Осло ќе го објави името на добитникот на Нобеловата награда за мир. Во минатата година наградата ѝ беше доделена на Светската програма за храна на Обединетите нации. На 1 март, Нобеловата фондација објави дека вкупно 329 кандидати биле номинирани за годинашната Нобелова награда за мир.

Advertisements

Претходно, јавно се споменуваа имињата на некои луѓе кои би можеле да бидат кандидати, а тоа се активистката за животна средина Грета Турнберг и противникот на Кремљ, Алексеј Навални. Се споменуваат и Светската здравствена организација (СЗО), Алијансата за вакцини (ГАВИ), Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Репортери без граници (РСФ). Норвешкиот комитет за мир нема навика да ги објавува имињата на кандидатите на медиумите или на самите кандидати.

Прикажи повеќе