Во 1/8 финалето од Лигата на шампионите ќе имаме два големи предизвика. Едниот ќе биде реприза на последното финале во Париз, кога се сретнаа Ливерпул и Реал Мадрид, додека големи возбудувања се очекуваат на средбата меѓу Париз Сен Жермен и Баерн Минхен. Наполи со репрезентативецот од Македонија, Елиф Елмас ќе се сретне со Ајнтрахт Франкфурт. Првите натпревари се играат во февруари, а реваншите се во март. Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во Истанбул, на 10 јуни.

ЛШ – 1/8 финале

Лајпциг – Манчестер Сити
Клуб Бриж – Бенфика
Ливерпул – Реал Мадрид
Милан – Тотенхем
Ајнтрахт – Наполи
Борусија Д. – Челзи
Интер – Порто
ПСЖ – Баерн Минхен

Објавени се и двојките за 1/16 финалето во Лига Европа. Барселона ќе се сретне со Манчестер Јунајтед, а се очекува интересно да биде на средбите Салцбург – Рома и Баер Леверкузен – Монако.

Лига Европа – 1/16 финале

Барселона – Манчестер Јунајтед
Јувентус – Нант
Спортинг – Митиланд
Шахтјор Доњецк – Рен
Ајакс – Унион Берлин
Баер Леверкузен – АС Монако
Севиља – ПСВ Ајндховен
Салцбург – Рома

Во Конференциската лига во плеј-оф конкуренцијата силите ќе ги одмерат 16 екипи кои ќе се соочат на 16 и 23 февруари. Турски Трабзонспор каде настапува нашиот Енис Барди ќе се соочи со Базел. Во меѓувреме, АЕК Ларнака со Иван Тричковски ќе го предизвика Днипро, а мошне интересно ќе биде дуелот Партизан – Андерлехт.

Конференциска лига – плеј-оф

Карабах – Гент
Трабзонспор – Базел
Лацио – Клуж
Бодо/Глимт – Лех Познањ
Брага – Фиорентина
АЕК Ларнака – Днипро
Партизан – Андерлехт

Махир Тачи