Властите во Колумбија во заедничка операција со колегите од Панама и од САД, запленија 5,4 тони кокаин, во вредност од 185 милиони долари.

Моторниот чамец со кој се превезувала дрогата бил забележан од панамските служби, а кога впловил во колумбиските територијални води бил пресретнат колумбиската крајбрежна стража, соопштија колумбиските власти.

На глисерот биле пронајдени 81 вреќи со кокаин, а во брегот биле скриени уште 147 пакети со дрогата.

Кокаинот припаѓала на криминалната банда Клан дел Голфо, чиј лидер Дарио Антонио Усуга, познат како Отониел е еден од најбараните наркодилери во Колумбија.

Колумбиските безбедносни сили во 2020 година запленија околу 505 тони кокаин и уништија 130.000 хектари кока.